20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајлесниот начин да ги отстраните последиците од долгото седење

Најлесниот начин да ги отстраните последиците од долгото седење

job-660x330

Целодневното седење има исклучително негативно дејство на организмот. Толку негативни, што минатогодишните студии покажаа дека дури ни вежбањето не е доволно да се отстрани негативното влијание кое долгото седење го има на организмот.

Сепак, она што треба да го направите не е ниту тешко ниту напорно. Едноставно на секој час станете и истегнете ги нозете на пет минути.

Не е многу важно што ќе правите во тоа време – најважно е да го прекинете долгото седење и мирувањето и повторно да ја поттикнете циркулацијата.

Во едно американско истражување спроведено минтата година, во кое учествуваа 4.000 лица се покажа дека луѓето кои редовно заминуваат на кратка пауза имаат за 33 проценти помал ризик од прераната смрт од лицата кои воопшто не стануваат и не прават пауза, пишува Бизнис Инсајдер.

Советот на докторите е сосема очигледен – движете се колку што можете повеќе, дури и кога вашата работа ве врзува за столчето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП