6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува Прилепското културно лето

Започнува Прилепското културно лето

prilepsko-kul

Денес, во 19.30 часот, во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе се отвори изложбата „Момент“, од вајарот Емил Солески од Прилеп.

Пред своите сограѓани уметникот ќе се претстави со осум дела изработени во камен.

Со отворањето на изложбата ЦК „Марко Цепенков“, ја стартува годинашната манифестација „Прилепско културно лето“, на која, речиси до крајот на август ќе се одржат бројни настани – концерти,(на хорот Злата Мегленска, на харфа на Мерсиха Шукри, на Арт либитум трио, на групата Баклава, на Фан проџект, на Бобан Мирровски…) изложби, интернационалната ликовна колонија Дрен, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи и др.

За изложбата на Солески се вели дека е можеби индивидуална , повеќе универзална естетика поврзана со природата, нејзините форми, текстури, појави во даден момент……Колку блиску е сега….. ….случајност на која ние делуваме

„Соединувањето со каменот создава привид на слевање на тишината во громогласниот екот на ѕвекот и екот од дамнини. Моментот има свој почеток, а крајот е во секој од нас. Давајќи му живост на студенилото, топлина на мртвилото, и бројни варијации на димензијата, Емил Солески ни доловува моменти од нашите клокотења преточени во изблик на несекојдневни моменти. Потенцирам несекојдневни моменти оти само тие оставаат трага во времето“, пишува Никола Јованоски.

Емил Солески е роден 1969 година во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

ИМа организирано повеќе самостојни изложби, а учествувал на бројни групни.

Негови позабележителни монументални скулптури се „Бисти на народните херои – Могила на непобедените“ и статуите на Пере Тошев и на Пеце Атанасовски поставени во центарот на Прилеп.
Работи како ликовен педагог во Крушево. Живее во Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП