19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Pregunta, уникат со милионска цена

Lamborghini Pregunta, уникат со милионска цена

Lamborghini-Pregunta-1

Доколку сакате да купите автомобил и сте подготвени за него да одвоите милионска сума, го имаме вистинското решение за вас кое доаѓа од „Lamborghini“.

Не станува збор за никаква подобрена верзија на „Aventador“, „Gallardо“ или „Murcielagо“, туку за концептот „Pregunta“ кој премиерно беше претставен на саемот во Париз во 1998-та година.

Инспирацијата за изгледот на овој концепт е од борбените авиони од шеесетите години од минатиот век, прекриен е со „Dassault“ стелт боја која се користи на борбениот авион „Dassault Rafale“.

Lamborghini-Pregunta-2

Автомобилот има дигитални инструменти, камера на задниот дел, GPS систем, додека кабината може да се пофали со ергономските каратеристики на борбен авион.

„Pregunta“ до некаде е заснована врз основа на „Diablо“, но од него е полесна поради едноставната конструкција. За разлика од „Diablо“, „Pregunta“ нема погон на сите четири тркала, а нејзиниот V12 мотор со 530 KS овозможува максимална брзина од 333 km/h.

Италијанскиот роудстер од неодамна се најде на продажба, а идниот купувач за него ќе мора да одвои 1.6 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП