3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Не ја потценувајте ЕУ, посилна е од САД“

„Не ја потценувајте ЕУ, посилна е од САД“

baroso1

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги повика Соединетите Држави да не ги потценуваат економските перформанси на Европа и состојбата на нејзините финансии.

„Нашите економски темели се добри. Европа и понатаму е најсилната економија во светот“, пред САД, рече Баросо во Њујорк, на конференцијата на Економската комора на ЕУ-САД и агенцијата Блумберг.

Во областа на јавните финансии, дури и кога Европа и понатаму се носи со должничката криза, Баросо нагласи еден „зачудувачки податок“ во споредба со САД и Јапонија: „По однос на долгот и БДП, европскиот просек е 82,5 проценти што е премногу висок, но и понатаму е драстично подобар отколку во САД каде тој однос е речиси 103 проценти, или во Јапонија чиј долг е близу 230 проценти од БДП“, истакна Баросо.

„Еврото не беше причината за кризата“, потсети тој, инсистирајќи на тоа дека европската валута е „многу стабилна“. Некои предвидуваат пропаст на еврото, но „јас сметам дека егзистенцијалната криза на еврото е завршена“, рече тој.

Новиот американски секретар за финансии Џејкоб Лу, во текот на неодамнешната турнеја по Европа, ги повика европските лидери, на мерките за штедење да им додадат мерки за покачување, за поддршка на економскиот раст.

„Нема фундаментално несогласување околу потребите за раст, но растот е потребен на двете страни на Атлантикот“, му врати Баросо.

Баросо нагласи дека клучна важност за растот имаат преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, за што Европа планира да се припрема на лето.

„Ако можеме да постигнеме сеопфатен договор, вкупната корист ќе донесе зголемување од 0,5 проценти на БДП во Европа и 0,4 проценти во САД до 2027 година“, потсетува Баросо.

Меѓу спорните сектори е земјоделството каде во прашање е широката употреба на генетски променети организми (GMO) во САД, што е спорно во Европа, а има спор и за културата, бидејќи неколку земји, вклучувајќи ја и Франција, бараат задржување на „културните исклучоци“.

Договорот би бил корисен за економијата и бидејќи би донел заеднички стандарди, или барем систем за заедничко признавање на стандардите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП