4 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПовторно неуредна документацијата на полномошното за преземање на Макпетрол

Повторно неуредна документацијата на полномошното за преземање на Макпетрол

mkg

Во просториите на Макпетрол АД Скопје во текот на вчерашниот ден повторно пристигнал допис од страна на компанијата “Balkan Petroleum Holding Limited” со заверено полномошно за преземање на дел од акциите на компанијата, но е утврдено дека документацијата е повторно неуредна и нецелосна.

Во соопштението на компанијата Макпетрол АД Скопје се вели:

“На ден 21.06.2016 година, во 15:45 часот, во Макпетрол АД Скопје, повторно е примен допис од “Balkan Petroleum Holding Limited” од Обединетото Кралство, преку полномошник Петар Стојановски, со кој е доставен заверен превод на издадено полномошно, потврдено од нотар од Лондон, Англија на ден 14.06.2016 година, апостилирано со датум 16.06.2016 година, согласно со Хашката конвенција за легализација од 05.10.1961 година. После разгледувањето на доставената документација, повторно се утврди дека е неуредна и нецелосна и врз основа на истата не може да се постапува”.

Да се потсетиме дека на 9 јуни “Balkan Petroleum Holding Limited” која е регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар, објави оглас за преземање на 30% од акциите на „Макпетрол“.

„Балакан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај годинава во Лондон, Англија со двајца вработени и основачки влог од 1.000 акции или 1.000 евра. Основач на оваа фирма е фирмата „Даволиа“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени. Потпишани на оваа понуда, која била испратена и во архивата на „Макпетрол“, се директорот Васили Евдокимов и ополномоштено лице Петар Стојановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП