1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРегистрирана фирма пред 20 дена "Балкан петролеум" од Кипар сака да го...

Регистрирана фирма пред 20 дена “Балкан петролеум” од Кипар сака да го преземе Макпетрол

mak

Фирма која е регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар, денеска објави оглас за преземање на акциите на „Макпетрол“ по цена од 25,908 денари која е повисока за 30% од вчерашната цена на акцијата на оваа компанија на македонската берза. За берзата и за „Макпетрол“ оваа понуда е неуредна.

Огласот кој се објави денеска на „Утрински весник“ гласеше : „Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на аквционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Макпетрол АД Скопје дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво Макпетрол АД  по цена од 25.908 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“.

ac

Денешната цена на акцијата на „Макпетрол“ беше 19.774 денари. Понудената цена е 25.908 денари. Вкупниот број на акциите е 112.382, а книговодствената вредност на една акција е 30.250 денари. Според понудената цена од 25.908 денари, тоа значи дека „Балкан петролеум“ треба да обезбеди гаранција од околу 47 милиони евра.

Од Македонската берза информираат дека документацијата на понудата е некомплетна – полномошно, нема меморандум, нема печат.  „Со добиениот допис не е доставено соодветно полномошно врз основа на кое би се утврдил легитимитет на ополномоштеното лице да настапува во име на друштвото Balkan Petroleum Holding Limited, Берзата за истото ја извести Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија“, се вели во известувањето на Македонската берза.

„Балакан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај годинава во Лондон, Англија со двајца вработени и основачки влог од 1.000 акции или 1.000 евра. Основач на оваа фирма е фирмата „Даволиа“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени. Потпишани на оваа понуда, која била испратена и во архивата на „Макпетрол“, се директорот Васили Евдокимов и ополномоштено лице Петар Стојановски.

Познавачите велат дека ова се прави во пресрет на собранието на акционери на „Макпетрол“, кое е закажано за в сабота.

Комисијата за хартии од  вредност има рок од 30 дена да одговори на ова барање за преземање. Според предвидените рокови, евнтуалното преземање би требало да се случи дури во септември. Овластените лица на „Балкан петролеум“ брифираат дека сите недостатоци во понудата ќе бидат исправени и дека се тие спремни да дадат гаранција на 44 милиони евра за целосно преземање на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП