5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNescafe наполни 75 години

Nescafe наполни 75 години

neskafe

Инстант кафето „Nescafe“, кое е топ-производ на компанијата „Nestle“, оваа година ќе го прослави својот 75-ти роденден.

По 10 години истражување тоа беше лансирано на пазарот во април 1938-та година, а на крајот стана едно од најчестите пијалоци во светот.

„Секоја секунда во 150 земји, се пијат околу 5500 чаши „Nescafe“”, велат од компанијата „Nestle“.

Историјата на „Nescafe“ започнува во 1929-та година. Во тоа време една европска банка која работела во Бразил имала голема резерва на кафе, по падот на Вол Стрит и цената на овој производ. Па така директорот на банката контактирал со раководните луѓе на „Nestle“ и од нив побарал да му направат коцки од кафе кои ќе се топат, па така да ја искористат резервата која ја имале.

Но сепак оваа идеја не било така лесно да се претвори во дело. Требало 10 години да се потрошат во истражување за да се дојде до резултат и така кафето „Nescafe“ за прват било пуштено во продажба во Швајцарија и Велика Британија во 1938-та година, а една година подоцна и во САД.

„Nestle“ и натаму продолжува да инвестира во овој бренд, па така до 2020-та година имаат во план да инвестираат околу 500 милиони швајцарски франци.

Бруто-прометот на годишно ниво за „Nescafe“ се врти околу 10 милијарди швајцарски франци (60,2 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП