2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаза и Сутлијаш здравје за најмалите

Маза и Сутлијаш здравје за најмалите

маза3

Во рамките на традиционалната манифестација Баскерфест, а како дел од Малите креативци, секојдневно од 19.00 до 21.00 часот на Плоштадот Македонија главниот збор го имаат најмалите.

маза2

Преку игри и забава а со многу подароци, тие имаат прилика да се дружат и забавуваат, но и да научат нешто повеќе за тоа зошто е важно од најмали нозе да пијат млеко и колку е важно за нивниот раст и развој секојдневно да јадат млечни производи. Млекара Здравје Радово преку своите омилени детски брендови Маза и Сутлијаш Здравје, преку натпревар ги мотивира и анимира најмалите да другаруваат и да ги играат малку подзаборавените детски игри.

маза1

„Идејата е да ги оттргнеме децата од пред телевизор, мобилен телефон или таблет. Да им ги покажеме игрите кои ние некогаш сме ги играле. Да ја поттикнеме нивната логика, меморија и снаодливост. Да им покажеме дека и улицата и дворот можат да бидат место за другарување и игра. Со Мали креативци секојдневно на Баскерфест имаат прилика да си играат и да запознаат нови другарчиња. За Млекара Здравје Радово е од исклучителна важност малите деца да ги научиме на здрави навики. Преку своите бренови Маза и Сутлијаш се обидуваме да потенцираме дека млечните производи покрај тоа што се вкусни се полни со калциум и важни за нивниот раст и развој. Затоа до 19 јуни ги каниме сите дечиња од 19.00 часот да се дружиме на Плоштадот Македонија“ – истакна Александар Блажевски, односи со јавност во Млекара Здравје Радово.

маза4

Два часа исполнети со креативност, цртање, боење и логички игри, едукација и забава. Од Млекара Здравје Радово најавуваат дека и во иднина ќе поддржуваат и организираат вакви проекти токму за најмалите.

маза5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП