21 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски филм во финалето на престижниот натпревар „MyRodeReel“ - во трка за...

Македонски филм во финалето на престижниот натпревар „MyRodeReel“ – во трка за првото место

фиииииии

Македонскиот краток филм „Farewell“, подготвен од група автори, во конкуренција од повеќе од 1.200 филмови, ги мина сите квалификациски фази на престижниот меѓународен натпревар „MyRodeReel“, организиран од компанијата „RØDE Microphones“ и веќе е влезен во финалето.

Сега останува завршната фаза од натпреварот, однсоно гласањето. Според досегашните резултати, филмот е во трка за првото место, со што, доколку го освои, ќе стане првиот македонски филм кој ја има добиено оваа престижна награда.

Македонскиот филм „Farewell“ е рабоен на темата „Војната е бесмислена“, претставена на метафоричен начин. Според оцените на критичарите, меѓу филмовите коишто се во конкуренција во финалето се издвојува како еден ретките коишто имаат филмски квалитет, со извонредна актерска изведба на Димитар Ѓорѓиевски. Покрај него, улога во филмот имаат и актерката Симона Јосифовска.

Филмот е во режија на Пеце Здравковски, музиката е изработена од Ѓорги Вацев, сет-креатор е Филип Каранфиловски, снимател на звук е Христо Стојаноски, а дизајнот на звукот е на Ристо Алчинов, визуелните ефекти се на Дејан Петровски, додека шминката е на Сашо Мартиновски.

Овие млади луѓе, ентузијастички, без да имаат голем буџет создадоа ремек-дело на македонскиот краток филм.

Да ги поддржиме и да го дадеме својот глас за да се случи и тоа – македонски краток филм да биде добитник на првата награда на престижниот „MyRodeReel“. Филмот во целост може да се погледне на следниов линк: http://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/2728. Со само едно „vote“ под приказот на филмот на овој линк, поврзувајќи се со вашиот фејсбук-профил можете да дадете глас-придонес не само за ова македонско остварување, туку и за светска промоција на македонскиот краток филм.

Гласањето е отворено до 3-ти јули и дозволено е од секој гласач, секојдневно да се доделува по еден глас за филмот. Македонскиот „Farewell“, веќе е во трка за првото место. Дали ќе го освои, зависи и од гласовите на гласачите од Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП