Влошените нивоа на задолженост на Кина предизвикуваат загриженост за неодложните проблеми во земјата и одржливиот ризик, предупредија аналитичарите на „Goldman Sachs“, цитирани од „WBP Online“.
„Goldman Sachs“ открива несовпаѓање меѓу своите пресметки за кредитирањето на Кина и оние на општото социјално финансирање (TSF). Аналитичарите стигнуваат до заклучок дека „TSF“ е друга сомнителна статистика со потенцијал да скрие голем проблем. Податоците на „Goldman Sachs“ се многу загрижувачки од оние на „TSF“.
„Веројатноста да има толку големо ниво на кредитирање во сенка што не се вклучува во официјалната статистика покажува постоечките празнини во регулирањето“, забележуваат аналитичарите.
Државниот долг на Кина се зголемува значително од 32,5% од БДП-то во 2012-та година до 40,6% од БДП-то на крајот на 2015-та година, покажуваат проценките на агенцијата за рејтинг „Moody’s“.
„Ние очекуваме понатамошно зголемување до 43% до 2017-та година заедно со една флексибилна фискална политика, која најверојатно ќе вклучува повисоки државни трошоци и можни намалувања во вкупната даночниот товар“, велат аналитичарите.
Од агенцијата очекуваат големите внатрешни заштеди да продолжат да го финансираат државниот долг.
Според Кејти Коч, портфолио менаџер во „Goldman Sachs Asset Management“, инвеститорите треба да размислат за пазари надвор од САД, бидејќи тие нудат повеќе атрактивни можности.
Едно од најтешките прашања за Кина во наредните години ќе биде решавањето на проблемот со високиот долг на банките и последиците од него.
Околу 60% од капиталот на кинеските банки е изложен на ризик, откако властите почнаа неизвесен процес на преструктуирање на бескорисни државни претпријатија.
Поголемите проблеми можат да се појават во наредните години, бидејќи долговите на банките се зголемува постојано. Во моментов тие се проценуваат на 1,7 илјади милијарди долари.