15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнуваат 53.Рацинови средби

Почнуваат 53.Рацинови средби

racinovi

Педесет и третото издание на традиционалните поетски вечери „Рацинови средби“, почнуваат во четврток, во организација на Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во Велес.

Свеченото отворање на манифестацијата е во четврток, на платото на Спомен костурницата во Велес, со почеток во 21.30 часот.

Додека пак, свеченото затворање на манифестацијата е во петок, на 10 јуни, на големата сцена на Театар „Џинот“ Велес, со почеток во 21.30 часот.

Манифестацијата во овие два дена има богата програма, па во четврток ќе биде промовиран мурал „Ленка и тутуноберачите“, ќе биде засадена Рациновата шума, ќе биде отворена изложба „Грнчарски средби Велес“. Вечерта со процесијата „1.000 свеќи за Рацин“, ќе се положи цвеќе во негова чест и ќе се фрли неговиот венец во Вардар, по што следува музички перформанс „Бесмртна“.

Во петок ќе биде промовирана стихозбирката наградена со „Антологија на болката“, ќе се отвори изложба на Виолета Силјан. Во гимназијата ќе биде положено цвеќе на бистата на Рацин, а учениците ќе рецитираат стихотворби, по што следува свеченото затворање на средбите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП