Инвеститорите од Европската унија (ЕУ) никогаш не ги оценувале толку песимистички изгледите на кинескиот пазар, а падот во економскиот раст на Кина не е единствената причина за тоа, беше објавено во публикација на „Deutsche Welle“.
Според мислењето на 56% од врвни менаџери на европски компании, да се занимаваш со бизнис во Кина стана тешко, покажува анкетата на Европската стопанска комора во Пекинг „Business Confidence Survey 2016“, која вклучува 500 компании од ЕУ со активност во Кина. Ова гледиште е поддржано од 5% повеќе учесници во споредба со минатата година и забележа најлош резултат во историјата на сезонските истражувања на Комората.
Во моментов 47% од европските компании планираат да го прошират својот бизнис во Кина. Пред три години за проширување на бизнисот беа подготвени 86% од компаниите.
Покрај тоа нагло се покачува бројот на менаџерите, кои не се уверени во профитабилноста на бизнисот во Кина. Сега речиси секој трет се сомнева во тоа.
Песимизмот на европските бизнисмени е поврзан не толку со забавувањето на економскиот раст на земјата, туку со неповолните услови за водење бизнис, отсуство на законски гаранции, бирократијата и најниска заштита на интелектуалната сопственост.
Пред десет години европските инвеститори биле задоволни што можат да работат во Кина, но денес само 70 проценти од нив ја поддржуваат оваа позиција. 57% признаваат дека компаниите им се наоѓаат во нерамни услови на конкуренција, бидејќи властите покажале избор на локалните компании.
Се посериозен проблем за Европејците станува ограничениот пристап до интернет и неговата цензура. Од ова се жалат 58% од испитаниците, наспроти 41% во претходната година.
Како резултат на тоа 41% од компаниите планираат да ги намалат производствените трошоци во Кина.
Претседателот на Европската стопанска комора во Пекинг, Јерг Вутке не го криеше своето разочарување од кинеските власти, кои постојано ветувале дека ќе ја подобрат инвестиционата клима. „Многумина од нас не гледаат никакви промени. Сето ова се само зборови“, изјави Вутке.