22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУделот на еврото во глобалните девизни резерви е најнизок од 2000-та

Уделот на еврото во глобалните девизни резерви е најнизок од 2000-та

evrodel 333

Глобалната употреба на еврото е намалена во 2015-тa година и во почетокот на 2016-та година, бидејќи кинескиот јуан почнува да зазема поголема улога во резервите и трговијата во меѓународниот монетарен систем кој станува мултиполарен, пишува „Bloomberg“.

„Еврото останува втората по важност валута во меѓународниот финансиски систем, но Американскиот долар има значителна предност“, вели Марио Драги во извештајот на Европската централна банка (EЦБ) за меѓународната улога на еврото.

„Меѓународната улога на еврото се одредува на прво место од пазарните сили и валутната унија, а тоа ниту ја спречува ниту промовира употребата на еврото“, вели Драги.

Неконвенционалните мерки за стимулации на ЕЦБ, се побавни од очакванoто затегнување на монетарната политика во САД и забавувањето на растот на пазарите во развој за главниот двигател на меѓународната употреба на еврото, пишува во извештајот.

Единствената валута формира една петтина, или 19,9%, од меѓународните резерви во последниот квартал од 2015-та година, што е за 0,6 процентни поени помалку во однос на делот во последните три месеци од 2014-та година.

За споредба – 64,1% од резервите на глобален план се во американски долари.

Единствената валута се користи во 29,4% од глобалните исплати во споредба со 43-те проценти кај доларот. Издавање на долг во евра и прекуграничните кредити во евра се намалуваат.

Иако уделот на еврото во меѓународните девизни резерви е најнизок од 2000-та година, падот во последните години е сличен на онок кај доларот, покажува уште во извештајот. Тоа донекаде се должи на фактот дека Кина веќе зазема дел од резервите во Меѓународниот монетарен фонд, сметаат економистите од ЕЦБ.

„Средниот пад на акциите и на еврото, и на доларот веројатно покажуваат тенденција кон повеќе столбови во меѓународниот финансиски систем“, коментираат уште од ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП