2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiеmens укинува 3.000 работни места

Siеmens укинува 3.000 работни места

siemens1

„Siеmens“ планира да отпушти 3.000 работници од индустрискиот оддел, со цел да заштеди шест милијарди евра.

Германскиот гигант „Siеmens“ соопшти дека планира да отпушти повеќе од 3.000 работници во својот индустриски оддел во рамките на планот за заштедување на шест милијарди евра поради пад на профитот.

Во објавеното соопштение на својата интернет страница, компанијата наведува дека 500 работни места ќе бидат укинати во седиштето на компанијата во Минхен, а уште 500 во фабиката во Германија.

Со затварањето на фабриката во Пакистан ќе бидат доделени уште 200 откази, а уште 200 работни позиции ќе бидат преместени од Германија во Чешка, наведува агенцијата „Срна“.

Освен тоа, ќе бидат укинати вкупно 1.700 работни места во секторот за продажба, пренесува агенцијата АФП.

„Siеmens“ е најголемата европска инженерска и електронска компанија, но таа е соочена со голем пад на профитот.

Компанијата прогнозира дека до крајот на 2014 година ќе постигне зголемување на продуктивноста во вредност од 1,1 милијарди евра.

На крајот на минатата година, оваа компанија укина околу 1,100 работни места во својот оддел за енергетика во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП