3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ со појаснување за реакцијата на „ФХлидер“

НБРМ со појаснување за реакцијата на „ФХлидер“

nmb

“Во врска со реакцијата на „ФХлидер“, појаснуваме дека единствено овластените банки, Фондот за осигурување депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестициските фондови можат да инвестираат, преку овластен учесник, на странската берза или на организиран пазар на хартии од вредност”, велат од Народната банка.

“Член 14 од Законот за девизно работење јасно пропишува дека резидентите, освен спомнатите, немаат право да инвестираат во хартии од вредност во странство. „ФХлидер“ со својата понуда на услуги ги таргетира токму оние на кои тоа не им е дозволено”, се вели во соопштението.

“Понатаму, моделот на „левериџ трејдинг“ којшто го нуди „ФХлидер“ е исклучително ризичен за непрофесионални инвеститори и може да се спореди со лотарија”, велат од НБРМ.

Член 14 од Законот за девизно работење можете да го видите на овој линк.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП