28 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на накит во „Концепт 37“

Изложба на накит во „Концепт 37“

izlozba-nakit

Денес, во арт кафето Концепт 37, дизајнерот Александар Пешевски ќе се претстави со самостојна изложба на накит – MightyJewelry.

Инспириран од природата, Александар создава уникатни парчиња кои се комбинација од дрво, смола и метал.

Присутните во арт-кафето, со почеток во 20 часот, ќе може да погледнат колекција од две серии создадени од изминатите три месеци. Креациите се направени од епоксидна смола, дрво и алуминиум. Формите од дрво се различни, слободни, во зависност од парчето дрво, а некои од останатите со повторливи по форма но различни по дизајн.

Моделите може да се набават преку комуникација на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП