19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГодишна конференција на директорите на европските национални библиотеки во Виена

Годишна конференција на директорите на европските национални библиотеки во Виена

vienapp3

Во Виена, во организација на Австриската национална библиотека, се одржа 30-та конференција на директорите на Националните библиотеки од Европа CENL (Conference of European National Libraries).

Директорот на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Скопје, д-р Иван К. Заров, ја претставуваше Република Македонија.

На конференцијата се разгледаа стратешките приоритети за развој на асоцијацијата на европските национални библиотеки, нивната взаемна координираност, новите тенденции во библиотечното работење и соочување со предизвиците пред кои се исправени националните библиотеки во актуелниот социо-културен амбиент.

Особено беше подвлечено институционалното место и улога на библиотеката во дигиталното време како модератор и сервис на информации за сите културни, научни и општествени активности, преку креирање на развојни програми и внатрешно трансформирање на библиотеките и постојана едукација на професионалниот библиотечен кадар, менаџирањето на нови начини кои би го подобриле финансирањето, одржливоста, развојот и квалитетот на библиотечните услуги преку споделување на различните искуства на секоја од европските национални библиотеки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП