17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиски и руски инвеститори ги продадаваат американските средства

Саудиски и руски инвеститори ги продадаваат американските средства

pari pari 333

Инвеститорите во Русија и Саудиска Арабија ја намалиле заедничката сопственост на американски средства со над 50 милијарди долари помеѓу средината на 2014-та година и 2015-та година, откако падот на цените на нафтата ги потресе глобалните пазари.

Руски и саудиски инвеститори распродале американски акции и корпоративни обврзници, откако цената на нафтата се намали силно, а многу валути на пазарите во развој – вклучувајќи ја и рубљата, паднаа во однос на доларот.

Годишната студија на американското Министерство за финансии, претставена во вторникот, покажува дека земјата од Персискиот залив ги намалила своите инвестиции во американски акции со 26 милијарди долари до 52,4 милијарди долари за година.

Претходно овој месец Министерството за финансии откри за прв пат обемот на саудиските купувања на американски државен долг – вклучувајќи од Централната банка, инвестициски фондови и приватни лица, дека износот е намален за 3 милијарди долари до 116,8 милијарди долари од февруари до март оваа година.

Цената на нафтата сорта „Брент“ падна за 57% од врвот во 2014-та година, така што ги натерало министрите за финансии и на двете земји да бараат нови извори за финансирање, за да се наполни проширувањето на буџетските дупки.

Саудиска Арабија, најголемиот производител на нафта во светот, ги подготвува банките за очекуваната продажба на обврзници за 15 милијарди долари подоцна во оваа година. Во меѓувреме Русија продаде долг за 1,75 милијарди долари минатата недела во првата трансакција со еврообврзници од наметнувањето на санкциите.

Инвеститорите во Русија постојано се ослободуваат од американски средства од финансиската криза па наваму, намалувајќи го имотот со половина од максимумот во 2008-ма година до околу 73 милијарди долари до крајот на минатиот јуни.

Иако извештајот ги нагласува потешкотиите пред двете влади, тој го покажува и интересот на странските купувачи кон американските средства.

Вкупната вредност на американските финансиски инструменти, сопственост на надворешни правни и физички лица, се искачи на рекордни 17,1 илјади милијарди долари до јуни 2015-та година, што е за 4% повеќе во однос на претходната година, откако инвеститорите од Велика Британија, Луксембург, Кајманските Острови и Ирска го зголемиле имотот.

Финансиските институции и брокерите учествувале во истражувањето, каде е предвиден скок од 159 милијарди долари на поседувањето на американски средства во британски паричници, најголемиот раст во минатата година.

Поединци од неколку пазари во развој исто го зголемуваат интересот за американските средства, вклучувајќи во Мексико, Бразил, Турција и Индија, покажува уште во извештајот.

Министерството за финансии сака да го подобри своето годишно истражување, кое го утврди за „несовршено“ во вторникот. Сопственоста може да биде прикриена од купувањето на акции или обврзници преку финансиски посредник, што според инвеститорите придава повисока позиција на земји, како Белгија во анализата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП