19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗавршија 32. Мариовско - Мегленски средби

Завршија 32. Мариовско – Мегленски средби

mariovo

Со богата културно уметничка програма, пред многубројните посетители и со заеднички ручек завршија 32. Мариовско – Мегленски средби.

Манифестацијата започна со велосипедска тура чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик со цел да се задоволат потребите на околу 800 учесници од Балканот и пошироко. Велосипедскиот настан се одржува со поддршка на локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.

Советничката за култура Снежана Ристеска посочи дека: „Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите. Она што е особено значајно за организацијата на вакви манифестации е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина“.

Реализацијата на ваков вид на манифестации го прави овој предел интересен за туристите.

На 32. Мариовско – Мегленски средби кои се одржаа пред дворот на манастирот „Св. Илија“ во село Витолиште присуствуваа повеќе граѓани од Прилеп и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП