26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРаботилница со Владимир Пиштало за „Нашиот човек преку Барата“

Работилница со Владимир Пиштало за „Нашиот човек преку Барата“

barata 444

Работилница со Владимир Пиштало за „Нашиот човек преку Барата – Како да го обликуваме неговиот книжевен лик “ во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“ ќе се одржи во сабота, во Скопје, во кафе книжарница „Магор“, од 17 часот.

Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар ги повикува заинтересираните учесници/чки да се пријават на еднодневната работилница, „Нашиот човек преку Барата – Како да го обликуваме неговиот книжевен лик “ со Владимир Пиштало, во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“.

Работилницата е инспирирана од потребата за ново разбирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализацијата и на различни начини на искусување на културните различности Наша цел ќе биде да се анализира улогата на дијаспората како посредник помеѓу различните општества, носители на хибридни плуралност и посредни идентитети. Тоа би можело да донесе нов увид на дијаспората кој започнува од аргументот дека денес дијаспората во областа на културата има различно значење и форми отколку што беше тоа пред неколку децении. Притоа дискусијата ја засноваме на академски извори но и на анегдотални докази. Ќе се обидеме да го надминеме конвенционално размислување за концептите како што се идентитет, миграција/ мобилност и дијаспора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП