3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква одговора на санкциите и критиките од самитот на Г7

Москва одговора на санкциите и критиките од самитот на Г7

г7-критики-москава

Кремљ не верува дека продолжувањето на санкциите против Русија ќе има позитивно влијаени врз глобалната економија и состојбите во меѓународната политика, изјави портпаролот Дмитриј Песков, додека рускиот премиер Дмитриј Медведев ѝ наложи на владата да изработат предлози за продолжување на забраната на увоз на храна од западните земји до крајот на 2017 година.

„Позицијата на Кремљ не е променета, попрво ова прашања не е на нашата агенда. Истовремено не сметаме дека таквите одлуки може да имаат позитивно влијание врз глобалната економија и за глобалните прашања во целина“ изјави Песков за новинарите.

Британскиот премиер Дејвид Камерон претходно во петокот од Јапонија по самитот на седумте индустриски најразвиени земји групата Г7 изјави дека тие се согласиле во јуни да ги продолжат санкциите против Русија поради нејзината наводна улога во украинската криза.

Германската канцеларка Ангела Меркел, по истиот самит рече дека е прерано да се зборува за укинување на санкциите против Русија. Меѓутоа, нејзиниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер во четвртокот и петокот при посетат на трите балтички земји изјави дека можно е да има постепено укинување на санкциите доколку има брз напредок во смисла на договорот од Минск и призна дека „ќе биде потешко отколку лани да најдеме заедничко решение за ова прашање“.

Во заедничката декларација усвоена на самитот на челниците од Г7 се вели дека санкциите ќе останат на сила „до целосната реализација на договорот од Минск“ па дури оти ќе бидат заострени „доколку биде потребно“.,

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оваа изјава ја нарече „апсурдна“. Дипломатот посочи дека Москва не е учесник во украинскиот конфликт.

Санкциите воведен против Русија од страна на ЕУ истекуваат на 31-ви јули, а земјите членки за тоа ќе разговараа на самитот кој ќе се одржи на 28-ми и 29-ти јуни. Меѓутоа, во Брисел се зачестени стравувањата дека по ова прашање ќе има разногласија и оти неколку земји ќе се залагаат за олеснување или укинување на санкциите.

Подоцна рускиот премиер Дмитриј Медведев на средбата на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи изјави дека продолжувањето на забраната за увоз на храна од западните земји како реакција на анти-руските санкции би им овозможило на руските производители на храна долготрајни вложувања.

„Ја задолжив владата да подготви предлог за продолжување на противсанкциите, не само за една година, туку до крајот на 2017-та. Петицијата на претседателот ќе му биде подготвена“, рече Медведев.

Русија во 2014 година со забраната за увоз на свежи прехранбени производи од многу западни земји одговори на санкциите коишто против неа ги наметна Западот, под притисок на САД, обвинувајќи дека ги поддржува рускојазичните бунтовници во источна Украина и дека го анкетирала Крим. Овој црноморски полуостров на кој доминантно е руското и рускојазичното население во март 2014 година, како одговор на соборувањето на власта во Киев и нејзиното преминување во рацете на прозападните сили со референдум ја поврати укинатата автономија и изгласа присоединување кон Руската Федерација.

Во 2015 година Русија ги прошири санкциите и на Турција, поради нејзиното уривање на руски воен авион кај границата со Сирија. Москва повеќепати објаснува дека санкциите и нејзиниот одговор се добра можноста за руските производители да развијат дејности со кои ќе можат да го завладеат големиот домашен пазар без увоз од скапите европски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП