7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИФФК “Браќа Манаки“: Златна камера 300 за животно дело за холандскиот кинематограф...

ИФФК “Браќа Манаки“: Златна камера 300 за животно дело за холандскиот кинематограф Роби Милер

robi miler233

Добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело е славниот холандски и светски кинематографер Роби Милер, соопшти денеска на прес конференција директорот на ИФФК “Браќа Манаки“, Благоја Куновски – Доре.

„Роби Милер беше во Битола во 2002 година кога ја освои специјалната камера 300 за особен придонес на светската кинематографија и сигурен сум дека ќе имавме уште многу средби во Битола со Роби, да не беше неговата болест, која го врза за инвалидска количка, а за која ме информираше неговата сопруга Андреа. Ние со оваа награда не само што му се оддолжуваме на Роби Милер, туку сакаме уште една ѕвезда да го следи во неговиот живот. Според реакцијата на Милер и неговата сопруга кога за прв пат им ја упатив поканата на 28 декември минатата година, тие беа почестени и задоволни, неговата сопруга веднаш ми одговори на писмото и ми ја објасни ситуацијата со неговата болест и дека не е во сосотоба да патува. Ете тоа е кругот што го заокружуваме – 20 години јубилеј – во 1996 година Роби Милер ја доби Бронзената камера 300 во Битола, во 2002 освен штo беше добитник на наградата за особен придонес во светската кинематографија, беше и претседател на жирито во Битола и сега со оваа заслужена награда, како еден од најголемите живи кинематографери во светот, влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“, рече Благој Куновски, директорот на фестивалот.

Директорот Куновски и Евгенија Теодосиевска, уметнички директор на Фестивалот од 2 до 4 јуни ќе заминат во Амстердам каде на 3 јуни на свеченото отворање на големата ретроспективна изложба „Мајстор на светлината“, посветена на Роби Милер во „Eye Museum“, ќе му ја предадат наградата Златна камера 300. Статуетата е дело на скулпторот Димитар Филиповски, а целокупниот дизајн на фестивалот го изработува „Ефектива“ од Скопје.

„Оваа изложба во престижниот музеј на современа и филмска уметност во Амстердам, ја организираат Европската и светската асоцијација на кинематографери, па наградата ќе ја земеме со нас и таму ќе му ја предадеме Златната камера 300 на Роби Милер. Што се однесува на програмите на годинешното издание, иако почнуваме малку подоцна, ќе успееме квалитетно да ги реализираме сите планирани содржини и програми на фестивалот“, рече Евгенија Теодосиевска, уметнички директор на фестивалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП