2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар jа објави најголемaта продажба на обврзници во историјата на Блискиот Исток

Катар jа објави најголемaта продажба на обврзници во историјата на Блискиот Исток

katari399

На меѓународните пазари земјата нуди еврообврзници за 9 милијарди долари, откако владите во регионот бараат странските инвеститори за да се пополнат буџетските дупки, отворени од падот на приходите од продажба на нафта и природен гас, забележува „Bloomberg“.

Емиратот емитира обврзници во три сегменти – 5-годишни, 10-годишни и 30-годишни државни хартии од вредност, велат за агенцијата запознаени лица.

Волуменот на 5-годишните обврзници е за 3,5 милијарди долари, а се достапни со камата со 120 базични поени повисока од онаа на американските обврзници. Иста е количината на 10-годишните, кои се со принос со 150 базични поени повисока од онаа на државните вредности. 30-годишните изнесуваат 2 милијарди долари и се од 210 базични поени.

Количината е речиси двојна од првично бараните од Катар 5 милијарди долари од меѓународните пазари. Емисијата доаѓа по онаа на Абу Даби од април, која беше за 5 милијарди долари.

Така од почетокот на годината земјите од Блискиот Исток собрале 20 милијарди долари од пазарите.

Земјите извознички на нафта земаат средства од странство откако цените на нафтата паднаа за половина од 2014-та година, поради што некои влади решија да ги зголемат резервите.

Покрај тоа Катар веќе втора година врши подобрувања на инфраструктурата, кои се проценуваат на 200 милијарди долари пред Светското првенство во фудбал во 2022-та година, настант кој оваа земја ќе биде домаќин.

Катар, кој е најголем извозник на течен природен гас во светот, емитира од вредност за прв пат по пет години.

Буџетскиот дефицит на земјата ќе се прошири до 5,2% од бруто домашниот производ во 2016-та година, гласат средните очекувања на аналитичарите кои беа испитани од „Bloomberg“.

„Катарците не сакаа да ги намалат трошоците, инвестициите и потрошувачката и трошат повеќе пари отколку што заработиле“, коментира директорот во „Landesbank Berlin Investment“ Луц Роемајер.

Саудиска Арабија исто така, планира должничка емисија, но сега ќе мора да понуди доста дарежлива премија на инвеститорите, откако Катар го преплави пазарот, смета аналитичарот во „Union Investment Privatfonds GmbH“, Сергеј Дергачев.

„HSBC Holdings Plc“, „JPMorgan Chase & Co.“, „Mitsubishi UFJ“ и „QNB Capital LLC“ дејствуваат како координатори на катарската влада, посочува лице, кое побарало анонимност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП