6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНови книги на академик Витомир Митевски посветени на Античката философија и нејзиното...

Нови книги на академик Витомир Митевски посветени на Античката философија и нејзиното влијание

filosofia 222

Првите две книги на десеттомната едиција посветена на Античката философија и нејзиното влијание од академик Витомир Митевски, излегоа од печат во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Во првата книга авторот ја обработува темата за почетоците на западната филозофија (претсократовци), а втората книга е научно монографско издание посветено на делото на Сократ.

Според  Витомир Митевски, основната идеја на едицијата е да понуди сеопфатен поглед на темелните вредности на античката философија. Притоа во овие книги се презентира она што на еден субјективен план е најзначајно и кое извршило силно влијание врз развојните историски процеси и философски текови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП