6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова поетска книга на Владимир Илиевски – „Брзината не убива“

Нова поетска книга на Владимир Илиевски – „Брзината не убива“

брзината-убива

Нова поетска книга на Владимир Илиевски – „Брзината не убива“ беше објавена неодамна во издание на „Македоника литера“ од Скопје.

Ова е седма поетска книга на Владимир Илиевски и содржи шеесетина песни кои се поделени во пет концепциски циклуси.

Во оваа поетска книга Владимир Илиевски не отстапува од „утврдените“ правила на својата поетика. Сепак треба да се констатира дека тие „утврдени правила“ не го стеснуваат и не го намалуваат животниот естетски простор на неговиот поетски збор. Напротив, токму во тој простор егзистираат и импулсивно пулсираат свежите поетски иновации на Илиевски.

Поетската книга „Брзината не убива“ на Владимир Илиевски е показател за еден вреден творечки континуитет со потврдени поетски вредности. Овие песни недвосмислено покажуваат дека Илиевски суверено владее во омеѓениот простор на својата поетика. Книгата „Брзината не убива“ ја потврдува високата позиција на Владимир Илиевски на современото македонско поетско творештво.

Песните на Илиевски се отворени и очистени од непотребната „наметлива“ херметичност. Тие немаат потреба да ја скријат, да ја кодираат или едноставно да ја заборават пораката. Тие јасно ја кажуваат, покажувајќи дека една од основните функции на уметноста е потребата да се пренесе порака. Тие не се песни за верувањето и за восхитот, туку се песни за сомнежот и за постојаниот немир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП