23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачите ги чуваат парите, што тоа значи за економијата?

Потрошувачите ги чуваат парите, што тоа значи за економијата?

Woman with coins in jar

Потрошувачите ширум светот се потешко се откажуваат од своите пари, се вели во заклучокот на финансиските лидери од Групата 7 на најразвиени светски економии, кои се сретнаа во Јапонија.

Постојат бројни причини поради кои потрошувачите ги чуваат своите тешко заработени пари. Некои од нив имаат ограничена куповна моќ, бидејќи со домашниот буџет едвај ги покриваат основните потреби, другите имаат премалку заштеди, па се одлучуваат да штедат наместо да трошат.

Новиот тренд во потрошувачките навики има „домино ефект“ на светската економија, а министрите за финансии од Групата 7 наведуваат дека фискалниот конзерватизам доведе до големи дилеми ширум светот, со оглед дека компаниите и фабриките произведуваат стока, која потрошувачите не ја купуваат.

„Нема побарувачка и тоа е еден од најголемите проблеми во светот“, вели министерот за финансии на Јапонија, Таро Асо, додека секретарот за финансии на САД, Џек Лу, ги повика владите и бизнисите да употребат било кој механизам кој ќе го поттикне растот.

Состанокот на финансиските лидери се оддржува пред самитот на Групата 7, планиран во градот Исе во централна Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП