19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на уметницата Марија Сотировска-Богдановска

Самостојна изложба на уметницата Марија Сотировска-Богдановска

илзо-само

Самостојна изложба на уметницата Марија Сотировска-Богдановска со наслов комПресија/ comPression ќе се одржи во четврток вечер во галеријата Флукс.

Изложбата се состои од две јасно спротивставени целини кои симболички се рефлектираат една во друга. И со овие дела, како и со претходните, Сотировска-Богдановска се бави со социјална, политичка и родова проблематика, но повторно на еден интимен начин…

Таа сепак отворено го изразува несогласувањето кон социјалниот притисок, дисторзираните политички манифестации, первертираните вредности, конфликтот помеѓу нејзината личност и општествените конвенции, кодификации, рамки. Таа директно не се конфронтира, не изразува резиграција или пак критика, туку само го изразува своето интимно несогласување, фрустрација од околностите во кој сме потпаднати без наша волја и присуство.

Токму оттаму компресија или притисок. Ние сме под постојан притисок, социјален, политички, економски, духовен, технолошки, под постојани искушенија, транзиции, транформации, успони и падови, кои таа се обидува да ги долови и дефинира во овој технолошки обременет контекст.

Kругот е симбол на кој Сотировска-Богдановска се навраќа во своите дела. Симбол на вечното враќање, кое го контекстуализира во зависнот од употребените материјали или концептот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП