23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените бизнисмени се успешни, но раководат само со 12 отсто од фирмите

Жените бизнисмени се успешни, но раководат само со 12 отсто од фирмите

zeni pret

Семејните обврски, слабата економска моќ, предрасудите и стереотипите сѐ уште се најчестите причини поради кои во Македонија е многу мал бројот на жени претприемачи, па така само на четири отсто од бизнисите во земјава сопственици се жени.

Жените се сопственици најчесто на сметководствени бироа, продавници, бутици, козметички салони или, пак, работат во семејните бизниси.

Вкупно 12 отсто жените се на раководни функции, но само два отсто од нив управуваат со големите компании во земјава, произлегува од податоците кои ги презентираше Групацијата на жени при Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Тања Дејаноска од Сојузот на стопански комори (ССК), време е да се ослободиме од минатото и да влеземе во XXI век.

„Само два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании, околу 32 проценти се жени во претприемништвото, а помалку од четири отсто се жени сопственици на бизнис“, рече Дејаноска.

Таа смета дека овие бројки имаат предуслови да се зголемуваат, бидејќи жените можат да придонесат многу повеќе со оглед на различната перспектива и нови идеи и поголема претпазливост која ја носат со себе, а и процентуално, бизнис успехот на жените е поголем од оној кај мажите.

„Сметаме дека од особена важност во насока на поттик и развој на женското претприемништво е да се промовираат позитивни бизнис приказни и практики на жените претпиемачи, да се развива професионален и лидерски пристап на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, да се идентификуваат и разменуваат информации за финасиска поддршка за нови и тековни бизниси“, вели Дејаноска.

Според ССК, државните субвенции за жените претприемачи, што во моментот изнесуваат околу 2.000 евра, треба да се зголемат.

„Финансиската поддршка е многу мала за почнување сериозен бизнис. Иако на овој начин се прави обид за поттикнување на женското претприемништво, во однос на она што го издвојуваат земјите од регионот, субвенциите не се доволни и затоа треба да се зголемат“, рече Дејаноска.

За поттик и развој на женското претприемништво ССК порачува дека е неопходно да се промовираат позитивни бизнис приказни и практики на жени претприемачи, да се развива професионален и лидерски пристап на жените кои сакаат да отворат сопствен бизнис, да се идентификуваат и разменуваат информации за финансиска поддршка за нови и тековни бизниси, да се реализираат обуки и доквалификации на жените, да се поттикне нивното вклучување во релевантни економски, социјални и културни области од јавен интерес, како и вмрежување менторство и лобирање за жените претприемачи на национално и меѓународно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП