Јапонската економија зема изненадувачки замав во текот на првите три месеци од годинава, БДП-то порасна за 1,7% на годишна основа.
Просечната прогноза на економистите анкетирани од „WSJ“, беше за раст од 0,3 отсто.
Во споредба со претходниот период јапонската економија забележа раст од 0,4 отсто, а прогнозите беа за зголемување од 0,1%.
Податоците за последниот квартал од минатата година беа ревидирани надолу до -1,7 отсто.
Резултатите за економскиот раст доаѓаат по месеци слаби податоци, вклучувајќи го и намалувањето на БДП-то во два од претходните три квартали. Тоа ги зголеми очекувањата дека Абе ќе воведе повеќе фискални стимулации и дека ќе го одложи укинувањето на ДДВ-то, предвидено за април 2017-та година. Силните податоци сепак можат да ги усложнат овие одлуки.
Слични даночни зголемувања во 2014-та година беа обвинети за последното намалување на економијата, но Абе изјави дека ќе има зголемување во ДДВ-то, освен ако не се случи голем економски шок, споредлив со глобалната финансиска криза.
Торун Суехиро, економист во „Mizuho Securities“, прогнозира слабеење на економијата во вториот квартал поради доцнењето во Кина, по најсилниот јен и земјотресите во Јужна Јапонија во минатиот месец. Според него, сепак резултатите за првиот квартал ја зголемуваат шансата ДДВ-то да биде зголемено, дури и растот да не е толку силен, колку што изгледа.
Министерот за економија Нобутеру Ишихара наведува дека приватната потрошувачка е клучот за подобар раст во јануари-март. Според него ризиците вклучуваат несигурноста за новите економии, флуктуациите на финансиските пазари и последиците од земјотресите.
„Нагорната наплата се очекува да продолжи во позадина на подобрувањата при вработувањето и платите“, вели тој.
И покрај добрите податоци изгледите пред јапонската економија остануваат неизвесни. Трошоците на компаниите остануваат слаби, а бизнис инвестициите се намалени за 1,4% во првиот квартал.
Трошоците на домаќинствата се зголемуваат за 0,5% на квартална основа во позадина на проекции за раст од 0,3 отсто. Според информациите, трошоците на домаќинствата формираат околу 60% од БДП-то.
Државната потрошувачка оствари раст за 0,7% во однос на претходниот квартал, а јавните фиксни инвестиции се зголемуваат за 0,3 отсто.
Повод за оптимизам покажува и побарувачката од странство. Извозот расте за 0,6% на квартална основа, откако претходниот период забележа пад од 0,8 отсто. Увозот паѓа втор квартал.