14 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто е неопходна паузата за појадок

Зошто е неопходна паузата за појадок

12274856057347f77e97f7384785887_w640

Како настанува среќен и продуктивен работник? Па, паузата за појадок игра голема улога…

Ниту задолжителната пауза за оброк не е она што беше. Истражувањата покажуваат дека опаѓа бројот на луѓе кои користат пауза за појадок со што го загрозуваат своето здравје. Наместо да станат од столот, да излезат од канцеларијата и да си дозволат квалитетен оброк, остануваат покрај екранот и јадат набрзина. На тоа се склони работниците на возраст од 18 до 23 години кои велат дека немаат време да ја напуштат канцеларијата во текот на паузата за ручек.

Истото го тврдат и пет проценти од повозрасните од 45 години што значи дека оваа група и понатака мисли дека паузата за појадок е многу важна. И важна е, луѓето кои јадат на работното место се склони да изберат понездрава храна, помалку се движат, а парадоксално, се помалку продуктивни иако во исто време се здрвени пред екранот.

И затоа и на работодавците на долги патеки им се исплати поопуштената клима во која е нормално да се земе пауза за ручек и освежување. На работодавците им се препорачува на работниците да им обезбедат фрижидери и посебна просторија каде можат да престојуваат далеку од бирото. Но, вработените треба да имаат слобода паузата за ручек да ја користат и на некои други работи. Па така, работодавците би можеле да им понудат членство во теретана, како и флексибилно работно време кое на работниците им овозможува да прошетаат во околината. Така ќе се создаде, среќен и продуктивен работник, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП