15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како изгледа кинеската должничка бомба?

График на денот: Како изгледа кинеската должничка бомба?

bomba kina 00

Се поголемата акумулација на долгот од страна на Кина е едно од најголемите стравувања меѓу инвеститорите веќе неколку години. Просечниот вкупен долг на економиите на новите пазари е 175% од БДП, а опасниот растечки корпоративен нефинансиски долг ја „лансираше“ Кина многу над тоа ниво, коментира „Visual Capitalist“.

Прашањето е: Со колку? А одговорот е збунувачки, бидејќи всушност никој не знае со точност.

Ако „бомбата“ на кинескиот долг се „разнесе“, можеме само да претпоставуваме какво ќе биде влијанието врз пазарите. Кајл Бас, основач на хеџ фондот „Hayman Capital Management“, вели дека загубите ќе бидат пет пати поголеми од кризата со високите хипотекарни кредити, а според „Moody’s“ „бомбата“ ќе биде безбедно деактивирана од властите многу пред да дојде време да се „разнесе“.

„Бомбата“ на кинескиот долг: големината.

„Mckinsey“ претстави оценка за кинескиот долг во почетокот на 2015-та година. Со користењето на податоците до вториот квартал на 2014-та година, компанијата проценува дека вкупниот долг на Кина изнесува 282% од БДП во однос на 158% во 2007-ма година.

Оттогаш различни веродостојни организации ги претставија последните проценки.

Во долниот крај на прогнозите е таа на „Goldman Sachs“ , а според нивната проценка од јануари 2016-та година, кинескиот долг е 216% од БДП за 2015-та година (неколку месеци подоцна банката претстави посебен извештај, според кој односот на долгот кон БДП-то ќе е блиску до 270% во 2016-та година).

Во горниот крај на прогнозите е аналитичарот на „Macquarie“, Виктор Швец, кој тврди дека кинескиот долг е 35 илјади милијарди долари, или речиси 350% од БДП-то.

Но вистината е дека всушност никој не знае. Официјалните проценки на Кина се повеќе бескорисни, а земјата има огромен и брзо растечки сомнителен банкарски сектор, кој ги комплицира значително овие предвидувања.

bomba kina 01

Експлозивни елементи

Вкупниот долг е составен од различни компоненти, вклучувајќи државни, корпорациски, банкарски долгови и обврски на домаќинствата.

Во случајот со Кина даночниот долг е оној кој е исклучително експлозивен. Според „Mckinsey“ корпоративниот сектор на земјата веќе има висок сооднос долг кон БДП-то од САД, Канада, Јужна Кореја или Германија, иако се уште се смета за „растечки пазар“.

„S&P Global Ratings“ покажува дека кинескиот корпоративен долг е околу 160% во однос на 98% во 2008-ма година. Тековното ниво во САД е само 70%.

Централната банка на Кина е исто толку загрижена, како и сите други. Нејзиниот гувернер Џоу Сјаочуан пред еден месец изјави: „Кредитите како удел од БДП-то, особено корпоративните кредити како удел од БДП-то, се превисоки“.

Отстранувањето на „бомбата“

Ако има нешто што може да го запали фитилот на должничката „бомба“ на Кина, тоа се надзорните заеми.

Необслужуваните кредити се зафатени пари за кои должникот нема направено плаќања. Генерално тоа се кредити кои се или премногу блиску до стечај, или веќе е најавено дека се создаваат такви.

Кина има официјална проценка за износот на овие кредити, а според земјата надзорните кредити се 1,7% од вкупниот долг. За жал независните консултанти сметаат дека процентот е многу повисок.

Пооптимистички настроените аналитичари сметаат дека тој е помеѓу 7% и 9%, додека според попесимистички настроените аналитичари овој процент е повеќе меѓу 15% и 21%. Дури ММФ вели дека заемите „потенцијално се изложени на ризик“ се 15,5% од сите трговски кредити.

Ако сепак некаде треба да се почне со отстранувањето на „бомбата“, добро е почетокот да биде токму тука.

bomba kina 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП