11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавена најголемата приватизација во историјата на планетата

Најавена најголемата приватизација во историјата на планетата

aramko

Најголемата нафтена компанија на светот Saudi Aramco, се подготвува да излезе на пазарот. Додека во овој момент сѐ уште е во мнозинска сопственост на Владата на Саудиска Арабија, Saudi Aramco веќе следната година би можела да биде достапна на сите компании во светот кои ќе посакаат и имаат пари да инвестираат во нејзините акции.

Нафтената компанија Saudi Aramco произведува речиси 12 отсто од светските резерви на нафта, што е и до пет пати повеќе од најголемата приватна компанија што се занимава со производство на нафта и нејзините преработки, ExonMobil.

Заради фактот дека лежи на најголемото светско наоѓалиште на нафта, Saudi Aramco, со излегувањето на пазарот, би можела да стане пет пати повредна од Apple и со тоа да стане највредната компанија во светот, а нејзината приватизација ќе стане најголема во историјата на планетата.

Околу приватизацијата на најголемата нафтена компанија кружат три приказни. Една од нив е фактот дека на Саудиска Арабија и е потребна ова приватизација за да ја намали зависноста од нафта и да почне да ја користи нафтата со цел за финансиска диверзификација. Втората приказна е влијанието на глобалните финансии. И трета, што досега подалеку од самата економија, е ефектот на оваа приватизација на Блискиот исток.

Саудиска Арабија долга низа години има еден проблем, а тоа е зависноста од само една индустрија. Заради та зависност сите други индустрии не можат да се развиваат во согласност со потребите на светските пазари.

Овој проблем, попознат под називот холандска болест, која како таква е именувана по примерот на Холандија, која, откако го разви системот за производство на гас од Северното море, сета своја сила, како и економијата, ги насочи на производство на гас, занемарувајќи ги останатите индустрии, со што тие станаа помалку конкурентни.

Холандија се одлучи за овој метод заради силното цивилно општество и развиеноста, но енергетската индустрија на Холандија никогаш не го достигна нивото на зависност како оние во Саудиска Арабија или Русија.

Заради тоа, саудискиот принц Мохамед бин Салман, ја најави „Визија 2030“, план што вклучува пораст на заработката за земјата од продажбата на дел од компанијата Armaco. Сите пари, како што најави, ќе ги инвестира во финансирање и развивање на другите индустрии кои заради преокупацијата со нафтата засега не се развиваа во согласност со потребите на пазарот

Според неговиот план, дел од парите од продажбата на компанијата ќе одат во домашни инвестиции, а дел во инвестиции во странство.

Неговата намера е добра, доколку се земе предвид неодамнешниот голем пад на цената на нафтата, како и фактот дека не е добро да се потпираш само на еден извор на приходи.

Од друга страна, пак, критичарите напомнуваат дека ова е деградација на најголемата светска индустрија и дека ова повеќе е потег на Владата, отколку вистински пазарен маневар, но сигурно е тешко да се предвиди што ќе се случува во иднина со земјата која сѐ што има вложува во само еден сектор, кој можеби и пропаѓа.

Принцот Салман, 30 годишник кој е наследник на тронот на владејачкото кралско семејство, предлага инвестирање во туризмот, здравството, производството и образованието. Една од целите што си ги постави е и зголемување на уделот на приватниот сектор во економијата од 40 на 65 отсто.

Ако тоа се случи, тврди дека Саудиска Арабија ќе стане повеќе ‘нормална’, како и другите земји во кои постојат неколку моќни сектори. Ваквата промена сигурно ќе влијае и врз промените во самото општество и на карактерот на нацијата.

Се поставува прашањето на влијанието на ова одлука на глобалните финансии, односно како на нив ќе влијае самата продажба на најголемата нафтена компанија на светот и како ќе се реагира на создавањето и развојот на новиот најголем фонд на богатство.

Што се однесува до продажбата, таа ќе биде голем тест за инвеститорите и ќе покаже колку се подготвени да инвестираат во компанијата која се покажа како вистински рудник на богатство.

Тука се расправа и за прашањето со која брзина зависноста на светот од нафтата може да се намали. Што се однесува до фондовите, суверените фондови сѐ повеќе ги заземат моралните позиции, како Холандија, која го продаде своето богатство на јаглен заради развој на технологија за зачувување на околината. Саудиска Арабија е добро познат инвеститор, а доколку сѐ оди според планот, нејзиното богатство би требало да биде уште поголемо.

Доколку Саудиска Арабија и нејзината економија станат широко распространети низ светот, тоа најмногу ќе се одрази врз нејзините соседи. Доколку оваа продажба, односно приватизација се покаже како добар потег, тоа би можело да ги натера и останатите земји во соседството да го направат истото. Со отворањето за инвеститорите, овие земји ќе мораат да почнат да ги почитуваaт меѓународните даночни и правни регулативи и закони. А тоа секако е добро за светот, пишува The Independent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП