19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовата колекција на „MARKOV“ за храбри жени

Новата колекција на „MARKOV“ за храбри жени

марков

Колекцијата со наслов „Prêt-à-porter féminin de luxe party deux“ на брендот „MARKOV“ беше премиерно преставена во петок вечер во Музејот на современата уметност во Скопје, кадешто од четвртокот ( 12 мај) се одржуваат модните вечери на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

Игор Марков кој стои зад брендот, новите 26 креации ги работеше половина година под директното менторство на Изет Цури.

„Мојата нова колекција е наменета за идеална жена како извор на постојана инспирација, личност која цени високо квалитетно изработени парчиња гардероба со маркантен печат во кој е застапен суптилен елемент на ексцентричност и доза на авангардност. Гардероба која има цел да го намами окото на набљудувачот, совршена не само за посебни пригоди и осмислена одлично да се вклопи со џинс и останати елементи од секојдневната гардероба. Мода наменета за храбри, урбани личности со силно изразена индивидуалност“, вели Марков.

За шминката на манекенките се погрижи Јована Коциќ, а за фризурите тимот на „Студио Леонтиќ“.

Својата прва ревија Марков ја имаше минатата година на есенското издание на Моден викенд Скопје.

Вечерва од 21 часот ќе биде претставена колекцијата на „AMRA“ поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, Француски институт во Скопје, Амбасадата на Р. Франција во Македонија и Општина Чаир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП