20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo пушта и втор кросовер

Alfa Romeo пушта и втор кросовер

 

krosaf

Концернот „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) патентирал ново име за свој модел – „Kamal“, а се очекува тоа да биде искористено за компактен кросовер на брендот „Alfa Romeo“.

Ова го соопшти весникот „Autoblog“, според кој името не е поврзано директно со некој од брендовите кои припаѓаат на „FCA“. Во исто време, сепак, се потсетува дека уште во 2003-та година токму „Alfa Romeo“ покажа концепт „SUV“ со истото име (на сликите). И тоа логично покажува дека така ќе се вика вториот сериски кросовер на италијанскиот бренд.

krosaf1

Се очекува „Alfa Romeo Kamal“ да биде изграден на истата платформа, која беше користена и за седанот „Giulia“. Предметната архитектура е во основата и на првиот кросовер на брендот – „Stevio“, кој сепак ќе биде со поголеми димензии. Тој веќе е подготвен и дури бил прикажан на дилерите на брендот на специјална манифестација.

Изданието додава дека во американското биро за патенти се уште не е упатено барање за зачувување на името „Stevio“, но се очекува овој пропуст да биде приспособен наскоро. Лично шефот на „FCA“ Серџо Маркионе призна дека кросоверот ќе биде прикажан или на саемот во Париз во септември, или на оној во Лос Анџелес во ноември.

krosaf2

За „Alfa Romeo Stevio“ се знае дека ќе добие 2,0-литарски турбо мотор со 276 КС. Ќе има и модификација „Quadrifoglio Verde“ со би-турбо „V6“ мотор кој развива моќност од 505 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП