8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДимковска ќе ја отвори „Долгата ноќ на европската литература“ во Берлин

Димковска ќе ја отвори „Долгата ноќ на европската литература“ во Берлин

dimkovska-kultura

Бордот на Европската конференција на писатели одлучи македонската авторка Лидија Димковска да ја отвори годинешната манифестација „Долгата ноќ на европската литература“ која ќе се одржи на 9-ти мај во националниот „Дојче театер“ во Берлин по повод  Денот на Европа. 

Димковска ќе прочита неколку песни на македонски јазик, а преводите на германски на Александер Зицман и на англиски на Љубица Арсовска и Пеги Рид ќе се читаат и проектираат на сцената на театарот.

На читањето, покрај Димковска, ќе настапат и Јарослав Рудиш од Чешка, Сјон од Исланд, Паоло Џордано од Италија, Драгана Младеновиќ од Србија, Јазра Калед од Грција, Јетон Незирај од Косово, Јана Бенова од Словачка и Серхиј Жадан од Украина. На настанот ќе биде прочитан и заеднички манифест во однос на Европа и нејзината реалност.

Овој книжевен настан е во рамките на Европската конференција на писатели што по вторпат ќе се одржи од 9-ти до 11-ти мај во Академијата на уметноста во Берлин, а на која ќе учествуваат автори и професори речиси од сите европски земји, кои ќе се обидат да дадат одговор на прашањето што претставува денес Европа со своите јазици, граници и имигрантски политики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП