10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на краткиот игран филм „Еклер”

Премиера на краткиот игран филм „Еклер”

ekler-ekler

Денес, во 21 часот, во киното „Милениум“ во Скопје,  ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „Еклер” во режија на Марко Ѓоковиќ.

Филмот „Еклер” е приказна за синот на куварката во Маршаловата вила, кој после десет години, за прв пат, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне.

Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

Авторскиот дел од екипата го сочинуваат: Александар Крстевски – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф, Емилија Ивановска Атанасовска – костимограф, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор. Продуценти на „ЕКЛЕР” се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.

„Еклер” е во продукција на Фрагмент Филм, а копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

Од  четврток, филмот „Еклер” ќе се прикажува на редовен репертоар во кино Милениум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП