Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот се симнаа од највисоките нивоа во годинава, под притисокот на растот на производството во членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).
На лондонскиот пазар цента на барел сирова нафта падна за 60 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 46,77 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по цена пониска за 40 центи во однос на петокот и изнесуваше 45,52 долари.
Производството на сирова нафта во Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во април пораснала на 32,64 милиони барели дневно, на највисокото ниво во историјата. Русија, која што е најголемиот извозник надвор од OPEC, исто така, во април го зголемила месечниот прекуморски извоз на сирова нафта за повеќе од 7 отсто, на 3,117 милиони барели дневно.
Ликвидноста во понеделникот на пазарите е ниска, поради тоа што во многу земји поради празниците, Велигденските во земјите кои се раководат од јулијанскиот календар, не се работи.
Во петокот беа склучени договори за испораките на нафта во јуни на лондонскиот пазар, со цена на барелот од 48,13 долари, што е за 21,5 отсто повеќе на месечно ниво и преставува највисок месечен раст од мај 2009 година. Во петокот цената на барелот во еден момент скокна на највисокото ниво во последните шест месеци од 48,50 долари.
Податоците за активните постројки на наоѓалиштата во САД минатата седмица покажаа пад шеста седмица по ред, што аналитичарите го толкуваат со недоволниот раст на цената на барелот за обновување на производството од шкрилци.
„И покрај растот на цените, сведоци сме на падот на бројот на активните наоѓалиште. Пораката на произведувачите на нафта од шкрилци е дека цените повеќе не треба да паѓаат. Сторено е веќе сé што беше потребно за ребаланс“, вели во анкетата на Reuters Бјарне Шиелдроп од норвешки SEB.
Поголемиот пад на цените на нафтата го спречи слабиот курс на американскиот долар, кој така стана поевтин за земјите во кои се употребуваат другите валути.
Челникот на Меѓународната агенција за енергија (IEA) изјави дека цените на нафатат го допреле дното, доколку не се случат поголеми глобални економски проблеми. „Во нормалните економски услови, ќе забележиме дека цените повеќе растат отколку што паѓаат“, изјави во неделата извршниот директор на IEA, Фатих Бирол во текот на состанокот на министрите за енергија на седумте најразвиени земји – Г7 во Јапонија.
„Производството на сирова нафта во земјите надвор од OPEC е на пат да забележи пад од 700.000 барели дневно во ова година, што е најголем пад во последните дваесетина години“, истакна Бирол.