19 јуни, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмазон отвора фабрика за роботски такси, до 10.000 парчиња годишно

Амазон отвора фабрика за роботски такси, до 10.000 парчиња годишно

Американската компанија „Amazon“ се подготвува да произведува до 10.000 автоматизирани роботски такси годишно во пространа фабрика во близина на Силиконската долина во САД и влегува на пазарот на мегдан со „Waymo“, кој е лидер во оваа област, а Илон Маск, шефот на „Tesla“, сака да се приклучи во трката.

Фабриката од 20.440 квадратни метри за производство на „роботакси“ беше најавена денес и означува нова фаза во напорите на „Amazon“ да ја пробие технологијата што започна во 2009 година, кога „Waymo“ беше лансиран како таен проект во рамките на „Google“.

„Amazon“ се заинтересира за овој пазар пред пет години кога инвестираше 1,2 милијарди долари во стартапот за самостојно управување „Zoox“, што ќе биде бренд името на планираното „роботакси“ на „Amazon“.

Zoox планира да започне со превоз на патници во Лас Вегас кон крајот на оваа година, а следната да се прошири во Сан Франциско.

„Waymo“ почна да работи како „роботакси“ во Феникс, Аризона, пред речиси пет години. Тој дојде во Сан Франциско во 2023 година, потоа во Лос Анџелес и конечно во Остин, Тексас.

„Waymo“ тврди дека досега имало повеќе од 10 милиони платени возења со автоматизираното возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП