7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Oткривање на нови светови“ во Прилеп

Отворање на изложбата „Oткривање на нови светови“ во Прилеп

izlozba prilept 335

Денеска во 20 часот, во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, Прилеп ќе биде отворена изложбата „Откривање на нови светови“, или „Андромеда галаксија“ од уметникот Стојан Дурланов.

На првата самостојна изложба Стојан Дурланов презентира 23 дела – објекти, скулптури, слики и графики, дела што ги создал во последните години и ќе дозволи како што самиот потенцира публиката да се соживее со нив односно да се втопи во нив.

„Во Андромеда галаксија секое дело е како прозорец кон некоја друга реалност. Секој ќе може  различно да доживее, да го осети. Инспирација за создавањето на творбите ми беа девојката, галаксијата, непознатото, напредокот на технологијата, како и речиси се што имам прочитано или гледано за НЛО и проследено од научна фантастика“, вели тој.

Уметникот е ликовен педагог во основно образование, а на Унервизитетот „Св.Кирил и Методиј“, Факултет за ликовни уметности – Скопје се стекнал со квалификација графичар со графички дизајнер и педагог во класата на професор Зоран Јакимоски.

Има учествувано на повеќе колонии и групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на повеќе награди. Член во Друштвото на ликовни уметници во Македонија – ДЛУМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП