19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа следниот кросовер на Volkswagen (фото+видео)

Како ќе изгледа следниот кросовер на Volkswagen (фото+видео)

kovolks

„Volkswagen“ претстави концепт кој е предвесник на нов теренец. Моделот го добил името „T-Prime Concept GTE“, а ќе дебитира пред публиката на автосаемот во Пекинг.

kovolks1

Концепт возилото е опремено со хибриден агрегат, во кој влегуваат електромотор, нудејќи 135 КС, 2.0-литарски бензински мотор со 251 КС, 8-брзински автоматски менувач и сет батерии со капацитет од 14,1 kW/ч. Вкупната моќност е 380 КС и 700 Нм вртежен момент.

kovolks2

Погонскиот агрегат има три режима на работа. При „E-Mode“ кросоверот се движи само на електрична енергија, а може да помине до 50 километри. Во режимот „Hybrid“ работат и двата мотори, но се комбинираат така што да се заштеди гориво.

kovolks3

При активирање на „GTE“ повторно двата мотора работат заедно, но овој пат нудат целосна власт. Во овој случај се менуваат поставките на педалот за гас, на управувачот и менувачот. Ова му овозможува на „Volkswagen T-Prime Concept GTE“ да забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 6 секунди и да развива максимална брзина од 222 км/ч.

kovolks6

Батериите на прототипот можат да се полнат, како за време на движењето со помош на електромотори, така и од електричната мрежа. Во вториот случај целосното полнење трае 8 часа. Во присуство на посебна станица за полнење времето е 2 ипол часа.

kovolks7

Прототипот располага со систем за погон на сите четири тркала со централен диференцијал со зголемено триење. Автомобилот е изграден на платформата „MLB“, која е користена и за втората генерација на „Audi Q7“. Должината на концептот е 5069 мм, широчината е 1998 мм, а висината е 1706 мм. На овој начин моделот е за 268 мм подолг, за 58 мм поширок и за 3 мм понизок од сегашната генерација на „VW Touareg“.

kovolks4

Во внатрешноста на „Volkswagen T-Prime Concept GTE“ впечаток оставаат дигиталниот Инструмент панел и екранот на мултимедијалните системи, кои се сместени во еден блок. Се очекува овој пристап да се користи и во сериските автомобили на германската марка во 2016-та година.

kovolks5

Инструмент панелот е со дијагонала од 12 инчи, а на екранот освен комбинацијата од класичните инструменти кои се отстранети, се и податоците за навигацискиот систем. Екранот на мултимедијалниот систем е 15-инчен, а тој може да се управува со гестови или со гласовни команди.

kovolks8

Покрај тоа, возилото има две одделни седишта за патниците кои се возат во задниот дел, од кои може да се управува со системот за климатизација. Патниците имаат на располагање и два екрани за мултимедијални системи.

Засега се уште не е јасно што точно ќе претставува „T-Prime Concept GTE“ при појавата во сериско производство. Според едни извори тоа ќе биде новата генерација на „Touareg“, но според други возилото ќе стане верзија на „Tiguan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП