2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПредвелигденски рецитал на градскиот хор во Прилеп

Предвелигденски рецитал на градскиот хор во Прилеп

predveligdenski

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, во вторник, од 19.30 часот во салата од кино „Мис Стон“, градскиот хор „Света Петка“,  ќе одржи Предвелигденски рецитал. 

На програмата ќе се најдат дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Ќе се чујат композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски.

Ова ќе биде осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм „Света Петка“ во населбата Точила, а под раководството на м-р Гоце Секулоски.

Во предстојниот период, покрај духовната програма, прилепската публика ќе може да очекува од хорот и концерти со познати дела од останатите музички жанрови – класичната музика, делата на македонските композитори, како и аранжмани на познати поп песни од англиското говорно подрачје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП