4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетско читање од Школата за поезија – делегација Македонија

Поетско читање од Школата за поезија – делегација Македонија

skola-poeti

Во понеделник се одбележува двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети основана од италијанскиот кандидат за Нобелова награда за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци.

Како дел од неа функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор и претсавник за Македонија на македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов.

Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 100 членови, а ова е нивен прв официјален настан. Настаните се закажани за понеделник, и освен во Македонија слични ќе се одбележуваат и во неколку други држави во светот.

Македонскиот носечки настан ќе се реализира со почеток во 20 часот, во прекрасниот новоотворен простор на првата грамафон кафетерија во Скопје „Vynil“, додека другиот наменет за средношколците ќе биде со награден карактер и ќе се реализира во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, во организација на проф. Јаготка Томовска.

Се најавува пријатна дружба со видео проекција, официјално читање поделено во два круга и секако, слушање на ретро македонска музика, по завршувањето на поетските рецитали, на грамафони, со диџеј кој специјално се подготвува за овој настан!

Освен овие настани е предвидено да се направи и првата е-книга во која ќе биде застапена авторска поезија од членовите на Школата за поезија, а истата ќе биде промовирана за време на настаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП