17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на монодрама во Битола

Фестивал на монодрама во Битола

tetooora

На 4 мај почнува Фестивалот на монодрама во Битола, што ќе трае седум дена, а вљубениците во театарот ќе  имаат можност да погледнат 13 монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени  вон конкуренција.

На фестивалот  учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои: Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија

Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири: Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски.
Фестивалот е во организација на Центар з а култура Битола а со поддршка на Министерството за  култура.

Фетсивалот ќе го отвори претставата „Животот е прекрасен” на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе го затвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП