28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОдбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

книги22222

Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во петок, во 12 часот, во просториите на библиотеката, ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.

x„Нашиот однос кон книгата во голема мера го одредува нашиот однос кон културата. На Светскиот ден на книгата и авторското право да се обединиме околу книгата, да ги поддржиме оние што живеат од книгата и со книгата, и кои се чинители таа да живее.

Овој ден претставува убава можност заедно да размислуваме за подобро ширење на писмената култура и да му овозможиме на секој поединец, маж, жена, дете да ни се придружи во ширењето на читањето и поддршката на занаетите и умешностите поврзани со издаваштвото, книжарниците, библиотеките, училиштата. Книгите се нашите сојузници во ширењето на образованието, науката и културата и на информациите, насекаде во светот“, велат од библиотеката.

Оваа година се одбележува 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски и 400 години од смртта на светските автори Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

Светскиот ден на книгата се одбележува на 23 април – датумот на кој во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Сервантес и Шекспир.

На настанот ќе се прочитаат пораката од Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, во која се вели „Нема ништо подобро од книгата. Книгата е врска меѓу минатото и иднината. Таа е мост меѓу генерациите и културите. Таа е посредник меѓу создавањето и споделувањето на мудроста и знаењето.
На овој ден, јас ги повикувам сите партнери на УНЕСКО да ја споделат следнава порака: книгите имаат моќ да да се спротивстават на она што Шекспир го нарекуваше – заедничко проклетство на човечкиот род, незнаење и лудило.“

Ќе се прочита и пораката од Љубиша Георгиевски во која што се вели „Деновиве судбината започна да ја вежба етидата Крај на светот, во која светот и книгата се натпреваруваат кој од нив ќе биде погрд и поапсурден, доколку грдотијата и апсурдот можат да се степенуваат? Минувајќи низ книжевноста, судбината сè уште и наспроти она што го бара, учи дека не смее докрај да се мири со еден монетарен свет, создаден од неа, во којшто аверсот постојано го лаже сопствениот реверс, додека реверсот одбива да го фати на дело!? Тоа не значи ништо друго освен дека сите наративи и сите метанаративи се безнадежно потрошени и дека со светот владее суштата испразнетост.“

На крај ќе следат извадоци од младите поети од основното училиште „Коле Канински“- Битола.

НУУБ„Св.Климент Охридски“ – Битола по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ќе подари книга и цвет, според каталонскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП