3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтратфорд на Ејвон подготвен за Шекспир

Стратфорд на Ејвон подготвен за Шекспир

шекспир400

Стратфорд на Ејвон е подготвен за саботното грандиозно одбележување на 400-годишнината од смртта на својот најпознат жител, бардот на англиската книжевност, Вилијам Шекспир, кој се родил и починал во ова гратче во централна Англија, на брегот од реката Ејвон.

Речиси пет милиони луѓе од целиот свет го посетуваат ова живописно гратче со 27.000 жители во англиската грофовија Ворикшир на кое токму Вилијам Шекспир му ја донесе светската слава. Годинава, повеќе од која и да е претходно, на уличките се тискаат и француски студенти и тајвански студенти.

„Тој е еден од најголемите на сите времиња. Умеел да ја пренесе целата палета емоции низ своите ликови. Без разлика дали станува збор за крал и селанец, Шекспир ни покажува што значи да се биде човек“, вели Пол Едмондсон, директорот на здружението кое се грижи за родната куќа на најпознатиот и најизведуваниот светски драмски писател.

За разлика од сочуваната куќа во која е роден, куќата во којашто Шекспир живеел и умрел е урната до темели пред триста години со несфатливата одлука на тогашниот сопственик, а јазот во страфордската уличен пејзаж никогаш не е исполнет. Во ноември 2015 година конечно дадоа ефект петгодишните археолошки ископувања што ги водеше центарот за археологија на Универзитетот Страфордшир, имено беа пронајден остатоци од оригиналната кујна на Шекспир, вклучително и огништето и шпајзот, парчиња од чинии, шолји и друг кујнски инвентар. Откритијата ќе бидат изложени во јавноста на самата годишнана на смртта, заедно со обележаните темели на куќата и обновената градина на Шекспир.

Најпознатите британски актери, Џуди Денч, Хелен Мирен, Иан Меккелен, Бенедикт Камбербач и Џозеф Фиенес во саботата во „Royal Shakespeare Theatr“ ќе се соберат за да ги одиграат најпознатите сцени од драмите на Шекспир. На оваа прослава ќе присуствува и принцот Чарлс, наследникот на британската круна. Спектаклот под наслов „Shakespeare Live!“ ќе биде директно пренесува на телевизиите и кината ширум Европа.

Поетот, драматург, театарски актер и режисер Вилијам Шекспир, воопшто се смета за најголемиот писател кој творел на англиски јазик, напишал 38 драми и 154 сонети. Драмите му се преведени на повеќе од 80 јазици, и се изведувани повеќе од на кој и да е друга драмски автор ширум светот. Неговите дела претставуваат срж на светските театри, а силна рефлексија има и во другите уметности, од музиката преку сликарството до филмот. Се смета за најголемиот писател на англиски јазик, и за најславен и најизведуваниот светски драматург.

Шекспир починал на 23-ти април 1616 година, но на тој ден е и најверојатно роден во 1564 година, имајќи предвид дека е само познат податокот дека на 26-ти април е крстен. Свеченоста на одбележувањето од 400-те години од неговата смрт ќе биде завршена со поворка до неговиот гроб, а со огномет ќе биде заокружен денот исполнет со бројни претстави на улични театри, танцови и концерти.

Шекспир од Стратфорд на Ејвон меѓу 1585 и 1592 година заминал во Лондон, каде започнал успешна кариера. Во родниот град се вратил во 1613 година, на 49-годишна возраст, а три години подоцна умрел.

„Шекспир е вечен. Умрел пред 400 години, но тоа можело да биде и пред четири години или четири часа, толку и натаму е актуелен“, изјави Сирил Нри, актерот кој го олицетворува Полониј во „Хамлет“, претставата којашто ќе се игра во „Royal Shakespeare Theatr“ до 13-ти август.

По повод 400-годишнината од смртта на големиот бард, наследството на Шекспир во Велика Британија се слави со низа координирани јавни настани, изложби и други креативни активности. Во 2016 година на Шекспир му е се посветена речиси секоја театарска дружина и секој театар во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП