4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книга поезија од Владимир Илиевски

Промоција на книга поезија од Владимир Илиевски

vladimir-blazevski

На штандот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на Саемот на книгата, во понеделник, во 13 часот, ќе биде претставена новата поетска книга од Владимир Илиевски што излезе деновиве, под насловот Брзината не убива.

За книгата ќе зборуваат издавачот и литературен критичар Нове Цветановски и поетот, критичар и есеист Јовица Тасевски Етернијан. Авторот, Владимир Илиевски, ќе прочита избор од песните објавени во книгата.

Владимир Илиевски е автор на седум поетски книги и една книжевна научна студија. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Застапен е во неколку антологии на македонската поезија. Негови песни се преведени на бугарски, хрватски, српски и руски, украински, англиски, италијански и литвански јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП