10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНеобичен француски танцов перформанс во МКЦ

Необичен француски танцов перформанс во МКЦ

tancu

Денес, во 20 часот во Дансинг салата во МКЦ  компанијата Руалите од Париз, Франција ќе се претстави со еден необичен танцов и музички перформанс. 

Во претставата се вклучени танчери, вокал и музика, која се изведува во живо. Команијата Руалите, основана од Бинтоу Дембеле, ќе ни прикаже несекојдневен концепт во кој кореографот поврзува современа танцова техника со хип-хоп и крамп стил, пропратено со современа музика изведена во живо од Чарлс Амблард, Шарлин Андџембе и Винсент Хоп.

Бинтоу Дембеле е исклучителен уметник, таа е танчерка и кореограф, која својата инспирација и креација ја наоѓа во хип-хоп културата, преку која се оформува како уметник. Биноту Дембеле е една од првите уметници кои хип-хоп стилот го внесуваат во уметничките проекти, кои се развиваат во Париз. Во 1996 година започнува да танцува во трупата на Современиот танц театар на Париз, предводена од Кристијан Таме. Како изведувач настапува и со трупите Mission Impossible, Aktuel Force и Käfig company; Бинтоу е соосновач на групите Ykanji и Ladyside, а настапува и за познатиот француски рапер MC Solaar.

„Хип-хопот го носам во себе цели 30 години, од танцување на картони до колективни тренинзи во Cercle, па настапи на телевизија, концерти, колективни собири на артисти од повеќе дисциплини и моја сопствена работа. Ова е она што ме оформи како уметник, оваа улична и сликовита култура за која се приврзав уште од улицата во раното детство, сѐ до започнувањето креации на уметничката сцена, на која ги споделувам искуствата од културата создадена од нас и за нас”. Вели Бинтоу.

Во 2002 година со основањето на Руалите танцовата компанија, со која создава свои продукции, Бинтоу ја начнува темата на колонизирање на светот. Во овој момент Бинтоу развива експериментален проект во кој соединува танчери со истражувачи и академци, со кои создава истражувачка лабораторија. Меѓу другите проекти, како резултат на таа лабораторија и истражување, се создава и проектот “S/T/R/A/T/E/S“ – Quartet, кој македонската публика ќе има можност да го види на 18 април во МКЦ во Скопје, а на 19 април, на сцената на Народниот театар во Велес.

Во дел од отворената програма на Танц Фест, македонски танчери имаа ексклузивна можност да бидат дел од процесот на следниот проект на Бинтоу преку работилниците за хип-хоп и крам стилот, кои се случуваа овој викенд на сцената Зебра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП