6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАMанифестација „Пријателите за Сокол – 2016“ во Кавадарци

Mанифестација „Пријателите за Сокол – 2016“ во Кавадарци

sokol 335

Во сабота, во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата „Пријателите за Сокол – 2016“, која долгогодишните соработници и пријатели собрани во неформалната уметничка група „Сокол Арт“ ја организираат и посветуваат на Денот на раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Манифестацијата „Пријателите за Сокол – 2016“, која што ќе се одржи во летната бавча на пица ресторанот „Астрато“ со официјална програма од 19 до 21 часот, ќе содржи ликовен перформанс, ликовна и фотографска изложба, видео проекција, концерт и промоција на книга со поезија на Марјан Тодоровски и црно бели репродукции на ликовни дела на Ристо Соколов Сокол. Учесници се познати кавадаречки ликовни уметници, актери, поети, музичари и фотографи.

Инаку, Ристо Соколов Сокол, роден на ден Велигден – 16 април 1957 е еден од големите уметници од Кавадарци и Македонија, кој со својата тотална уметност изразена преку ликовни интервенции и перформанси, ликовни изложби, мултимедијални проекти, сценографии за бројни настани, организација на врвни ликовни колонии и уметнички фестивали, соработка со уметници од сите дејности (ликовна уметност, музика, фотографија, театар, литература и др.) ќе остане запаметен низ бројните дела, но и интервенциите во бројни јавни објекти во Кавадарци и низ Македонија. Прерано почина на Свети Трифун, на 14 февруари 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП