9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставата „Комедија на грешки“ од Турски театар во театар Комедија

Претставата „Комедија на грешки“ од Турски театар во театар Комедија

комедија-ко

НУ Турски театар, ќе ја изведе репризата на преставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Коле Ангеловски, во петок, со почеток во 20 часот, на сцената во Театар Комедија.

Претставата се изведува со титл на македонски јазик.

„Комедијата на забуни (грешки)“ е едно од најраните шекспирови дела, за првпат изведена на 28 декември 1594 година. Таа е и најкратката комедија, инспирирана од плаутовите „Менехми“, но Шекспир го збогатил дејствието, кое се базира на забуните и грешките што настануваат со промената на идентитетот на близнаците. Тоа е брза, скоро фарсична комедија, една од најиграните, преведувана на повеќе јазици, направени се мјузикли, опери, снимени филмови и безброј различни интерпретации.

„Нашата претстава како основа го има шекспировиот текст и времето и времето во кое е напишан. Значи, сценографијата, костимите, музиката, начинот на говор се „шекспировски“, но бидејќи дејствието се случува во Ефес, медитерански град, кој се наоѓа во Турција, нормално е да има многу турски додатоци. Исто така, не можеме да бидеме рамнодушни на она што ни се случува денес, така да доста современи референци ќе се најдат во нашата претстава. Но пред се оваа е една забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме“, објаснува Ангеловски.

Играат Антифол од Ефес: Селпин Керим, Антифол од Сиракуза: Селпин Керим, Дромио од Ефес: Џенап Самет, Дромио од Сиракуза: Џенап Самет, Балтазар: Ријад Тахир, Анџело: Неат Али, Пинч: Ријад Тахир, Адријана: Несрин Таир, Лучијана: Сузан Акбелге, Игуманијата: Фунда Ибрахим, Метресата: Зиба Радончиќ и Џандар: Фунда Ибрахим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП