28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏорџ Карл повеќе не е тренер на Сакраменто

Џорџ Карл повеќе не е тренер на Сакраменто

Mar 5, 2013; Sacramento, CA, USA; Denver Nuggets head coach George Karl during a timeout against the Sacramento Kings during the second quarter at Sleep Train Arena.  Mandatory Credit: Kelley L Cox-USA TODAY Sports

Сакраменто Кингс веднаш по завршувањето на регуларниот дел на сезоната, во НБА лигата, му врачи отказ на тренерот Џорџ Карл. Челниците на тимот од престолнината на Калифорнија го означиле искустниот тренер како главен виновник што екипата не избори пласман во разигрувањето.

„Откако го анализиравме учинокот на тимот оваа сезона, решив дека во наредното првенство ќе мора да влеземе со нов тренер“, рекол генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац.

Карл го предводел Сакраменто на 112 натпревари, на кои забележал скромни 44 победи.

„Имам голема почит кон Карл и кон неговите достигнувања во 30-годишната кариера во НБА лигата. Во името на Сакраменто му заблагодарувам за неговиот придонес кон овој тим и му посакувам се најдобро во иднина“, дополнил Дивац.

Сакраменто сезоната ја заврши на десеттото место во Западната конференција, со скор од 33 победи и 49 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП